Поранешниот претседател, премиер и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски стана дедо. Неговиот син Љупчо викендов доби син, кој го доби името Бранко.
Тие вчера правеа мекици во ресторан во Скопје. Се славеше со музика и најблиските пријатели. Внукот ќе го носи името Бранко по неговиот дедо, ни кажаа за „Репортер“, а ова е прв внук за поранешниот претседател.
На мекиците се шегувале, но и нивните блиски велеле: „Се роди нов Бранко Црвенковски“.
Бранко Црвенковски и неговата сопруга Јасна ги имаат синот Љупчо и ќерката Марија. Синот Љупчо е оженет со ќерката на поранешниот директор на Комерцијална банка Скопје, Драгољуб Арсовски кој, беше и министер за внатрешни работи.