Камерите го снимија капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо како извади мастика од шорцот на мечот со Гана. Многумина се згрозија од ваквиот потег, но други пак мислат дека има некаков внатрешен џеб во долниот дел од опремата и дека таму става работи кои му даваат доволно енергија за до крајот на натпреварот.
За потсетување, Португалија и Гана одиграа одличен натпревар на Мундијалот. Португалецот го доби со 3:2, а Роналдо го даде првиот гол и стана единствениот кој има погодил на пет различни Мундијали.
— world cup out of context (@unluckyfootie) November 25, 2022