(Видео) Хрватски уметник направи статуа од Мишо Ковач и Елвис Присли како сијамски близнаци 

Скулптура висока два метри со Мишо Ковач и Еливс Присли изработи хрватскиот уметник Иван Фијолиќ.

Статуата, изработена е од полиестер, висока е 90 сантиметри, и железен држач со висина од еден метар.

На Иван Фијолиќ му биле потребни неколку месеци за да ја создаде скулптурата.

На ова скулптура Ковач и Присли се споени како сијамски близнаци.

„Имам чувство дека станува збор за хит скулптура“, вели Фијолиќ за 24сата.хр.

Уметникот вели дека досега не слушнал негативни коментари, но очекува телефонски повик од хрватскиот пејач Мишо Ковач.

Скулптурата е сместена во Градската книжарница „Јурај Шижгориќ“, во Шибеник.

 

Scroll to Top