Иван Кукиќ, синот на Ленче и Горан Кукиќ промовираше нова песна со која започнува соло кариера. Иван инаку е дел од Влатко Стефановски Трио и свири на бас гитара, заедно со Јан Стефановски, тапанар.
„Балада за една љубов“ е насловот на песната, која Иван ја пее на српски јазик и за која има и спот. Песната ќе се најде на неговиот нов албум кој е во подготовка и треба да излезе идната година.
Музиката за песната ја напиша самиот Иван, текстот е на Стефан Илиќ, а аранжамнот е заеднички.
Иван Кукиќ инаку е студент по музичка продукција и дизајн на звук во Белград, а во исто време и компонира, аранжира и пее.