Александар Тарабунов има нова песна во дует со Тамара Тодевска „Само ти ми фалиш“. Песната е во диско фанк ритам.
За песната снимен е и спот во кој танчерките, придружните вокали , бендот и Тарабунов се облечени како во 70 -тите. Спотот е снимен во Младинскиот културен центар, а режисер е Зоран Зонде Стојановски.
Иако Тамара Тодевска пее дел од рефренот со Тарабунов, таа не се појавува во спотот.
Музиката и аранжманот се на Тара и Роберт Билбилов, додека текстот е на Зоран Зонде Стојановски и Тарабунов.
Во спотот на гитара се појавува Роберт Билбилов, а како бек вокали Калина Велковска,Полина Тасева, Христина Јовановска и Лаура Крлиу.
Танчери во спотот се Илија Карадакоски, Тања Соколовска,Ивана Ристевска, Калина Трајковска,АНа Павловка, Ања Илиќ, Ивана Спасовска и други.