Плазма топчиња од четири состојки

Потребни состојки:

200 г мелена плазма
350 г путер од кикирики
60 г мед
200 г бело чоколадо

Начин на подготовка:

Мелената плазма истурете ги во подлабок сад. Додајте 350 г омекнат путер од кикирики, па промешајте додека да се изедначат во смеса во вид на влажен песок. Додајте 60 мл течен мед и повторно промешајте до изедначување. Кога ќе ја стиснете со рака смесата треба лесно да се обликува, да не се рони премногу. Обликувајте топчиња со приближна еднаква големина и наредете ги на рамна површина. Ставете ги во замрзнувач околу пет минути или додека го растопите чоколадото. Белото чоколадо искршете на поситни коцки и растопете го во микробранова печка или на пареа. Топчињата потопувајте ги во растопеното чоколадо, а одозгора декорирајте ги со чоколадни трошки или мелен лешник, по избор.

Scroll to Top