Актерката Весна Бејби Петрушевска револтирана од дојавите за бомби во видео порака обајсни колку е стресна ситуација за сите деца кои одат на училиште, но и за возрасните луѓе кои не можат да се снимнат од зградите без лифт. Таа побара поголема ажурност од надлежните за да ја решат ситуацијата и ги нарече неодговорни, неписемни и недоветни.
„Имате ли памет бре.. девет средни училишта, еден трговски центар, Џевахир Сити. Три месеци не малтретирате со вашата неспособност за дојави за бомби. Вие сте ненормални, побарајте помош од странски служби, од било каде и дајте си оставка. Аман! – Ова е ненормална работа што се вие правите. Колку сте неодговорни, неписмени и недоветни. Луѓе се во прашање, деца…Секое дете оди под стрес кога оди на училиште, заради дојави на бомба. Три згради сега се симнавме долу. Вие не знаете колку е тоа одвратно и страшно, со сирени, стари луѓе не можат да одат, не можат да се симнат, не смеете лифт да употребите. Важно има секој ден дојава за бомба, а вие ништо не правите, можеби правите не знам, ама не гледам дека правите. И дајте си оставки, нека дојдат некои што повеќе знаат, ангажирајте луѓе од страна“, рече Весна.