На Бахамите уапсен е директорот на берзата за криптовалути кој во еден ден изгуби 16 милијарди долари

Сем Бенкмен-Фрид, основачот на FTX, пропаднатиот сервис за трговија на криптовалути, е уапсен на Бахамите, а федералните обвинители на САД, поднесоа кривична пријава против него во Њујорк.

„Претходно оваа вечер, властите на Бахамите го уапсија Семјуел Бакман Фрид, на барање на Владата на САД, на основа на запечатено обвинение“, напиша обвинителот Демијан Вилијамс на „Твитер“.

Сем Бенкмен е еден од најбогатите луѓе, кој во биографијата, но и деловните постапки, во последните неколку дена ја вознемири јавноста. На 30 години помина холивудски пат од вљубеник во видео игри, преку MIT, милијардерски статус, до поседување на втората најголема берза за дигитални валути.

Се дружеше со голем број познати лица, сè до целосниот крах на криптопазарот и губењето на богатството. Пораснал во семејство од два професори по право на Универзитетот Стенфорд, а роден е во нивниот кампус.

Завршил во елитно приватно средно школо во Калифорнија, а потоа и на престижниот MIT (Институтот за технологија во Масачусетс) каде дипломирал во 2014 година. Во 2017 година, на само 25 години ја основал Alameda Research, кватно трговската фирма со седиште во Хонг Конг кога почнал да тргува со биткоини.

Неговото богатство се зголеми за време на пандемијата со короната, па поради неговите активности во спасување на други крипто фирми, го споредуваа со основачот на банка „Ј.П. Морган“.

Заработил милиони тргувајќи со разликата во цени на биткоин, меѓу Азија и САД. Две години подоцна, Банкман ја основа FTX, која стана една од најголемите крипто берзи во светот.

Проценета на 32 милијарди долари, инвеститорите на акциите ги вклучуваа Sequoia Capital, Paradigm и Ontario Teachers’ Pension Plan. Неговото лично богатство порасна на 26 милијарди долари.

Парите ги искористил да стане втор во редот на најголеми донатори на Демократската партија во периодот од 2021 до 2022 година. Организираше конференции со познати личности, како Том Брејди, Жизел Бундеш, а приредуваше и голем број раскошни настани.

Го промовираше FTX низ градовите и големите сали. Спаси бројни крипто фирми. Во повеќе наврати рече дека сака да ги донира своите пари и да живее скромно, дека има доволно за нормален живот.

Се залагаше за строга регулација на криптовалутите, промовирајќи ја идејата за црни листи на дигиталните адреси поврзани со финансиски криминал.

Во пишаното сведочење на сослушувањето на американскиот Трезор за надѕор на финансиската стабилност во јули, Сем рече дека FTX има за цел да ги комбинира најдобрите пракси на традиционалниот финансиски систем, со најдоброто од екосистемот на дигитални средства, објави „Гардијан“.

Директорот на берзата за криптовалути во еден ден изгуби 16 милијарди долари

 

Scroll to Top