(Фото) Баба ми Љупка ми беше главен фан: Каролина се сеќава на детството

Со пораката „Дали се сеќаваш на твоите среќни мигови“, СОС Детско село ги предизвика јавните личности да се сетат на своето детство и на Инстаграм да објават интересни слики од времето кога растеле. Велат, со сликите сакаат да создадат среќни спомени за секое дете. Кон кампањата #СетиСе се приклучуват речиси сите јавни личности со цел преку сликите да создадат убави спомени за секое дете. Каролина Гочева на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии од своето најрано детство, а има и фтографија со нејзината баба Љупка.

„Барајќи слики за предизвикот посветен на среќните детски мигови изнајдов некои на кои потполно сум заборавила. Со моите, со сестра ми, со братучедите и со нашата сакана баба Љупка со која пораснавме и сѐ сакаше повеќе од себе! (особено сестра ми) А, мене ми беше главен фан и ги имаше во архива сите можни исечоци од весници и појавувања по медиуми. Одамна не е меѓу нас, ама често си ја спомнуваме и нејзината љубов е нешто што и ден денес го памтиме и чувствуваме.“, вели Каролина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Scroll to Top