Раде Врчаковски Врчак објави видео со новата песна „Да ме лижеш“, кое трае два часа. Тој ја има историски најдолгата најава, а песната во видеото започнува по 1 час и 55 минутиниот вовед. Врчак зборува за начинот на исхрана, за ропството на животните, како што самиот напиша тоа е неговиот научен труд за подобро здравје со консумација на растителна храна.
“Врчак се врати, навистина се врати“, „Врчак е нашиот Кање“, „Добро утро на сите, освен на фановите на Врчак“, се дел од коментарите кои ги напишаа твитерџиите за враќањето на Врчак на македонската сцена. Но, општ впечаток е дека твитерџии се со доза на иронија и потстмев за новата песна, но и се прашуваат дали здравствената состојба на Врчак е добра.
Врчак на Фејсбук го објави видеото, кое беше проследено со текст во кој вели има и официјална најава на албумот кој го снимил во Америка (во Парамонт, Калифорнија) со инженерот на Бруно Марс и одлични артисти од Лос Анџелес. Врчак сам се пофали дека „албумот му бил врв“, според Американците и дека во Америка ќе излезе во 2024.