Денес на Бадник божикен концерт на плоштадот во Скопје со Антониа, Ламбе, Златно славејче, Димитар и Пере

Денеска на Градскиот плоштад во Скопје ќе се одржи Божиќен концерт со Димитар Андоновски, Пере – Нокаут, како и хорот на Златното славјече, Антониа Гиговска и Ламбе Алабакоски кои ја отпеаја трета верзија на „Вечниот бог“.

Во 11 чаосот и 30 минути ќе биде оформена Бадниковата поворка, која преку Камениот мост ќе се упати кон Соборниот храм „Св. Климент Охридски“. Децата учесници во поворката ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање. Водители ќе бидат Марија Јанчевска и Јован Дукмеџиев.

Бадникови поворки ќе се организираат во вкупно 62 градови и населени места во нашата земја, илјадници деца ќе чекорат во бадниковите поворки на радоста и пеејќи ја ангелската песна „Вечниот Бог” ќе го најавуваат Христовото Раѓање.

За потсетување, од Здружението Бадникови поворки информираа дека заврши снимањето на спотот за третата верзија на „Вечниот Бог“ отпеана од Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски и Златно славејче.

Режисер на видеото е Дејан Пројковски, диркетор на фотографија Горан Наумовски и камера и продукција на Стојан Стојановски.

Scroll to Top