Британската и светска јавност деновие е преплавена со извадоци од мемоарите на принцот Хари во неговата книга Spare. Неговите тврдења предизвикуваа бурни реакции откако откри голем број пикантерии за британското кралско семејство.
Во мемоарите јасно кажува дека пораснал како дете во сенка на постариот брат. Насловот на самата книга „Резерва“, го најави и она што го пишува во неа, велат експертите.
„Роден сум само за во случај нешто му се случи на Вилијам“, напишал војводата од Сасекс.
Животот го опишал како мисија која има за цел да биде извор на одвлекување, забава или во случај на потреба да му обезбеди резервни делови, како на пример донирање бубрег, трансфузија на крв или коскена срцевина, напишал Хари.
Принцот рече дека пораснал знаејќи дека всушност бил таму за да му донира орган на својот брат, доколку дојде до такво нешто. Објасни дека уште од рана возраст имал јасна идеја дека е роден за секој случај ако му се случи нешто на Вилијам и дека во животот таквото чувството само се засилувало во него.