Лина Ѓорческа се пласира во четврт-финалето на турнир во Естонија

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучерс во Талин, Естонија.

Ова е уште еден триумф за Ѓорческа во двата сета на овој турнир. Овојпат таа играше против шпанскиот рекет Андреа Лазаро Гарсија. 

Следниот предизвик на Лина е италијанката Дебора Киеза.

Натпреварот се игра на тврда подлога за награден фонд од 40.000 американски долари.

Scroll to Top