Бивша плејбој- зајчица и манекенка Келси Тарнер е обвинета за убиство на психијатарот-доктор Томас Бурчард, од Калифорнија. Судот ја осуди на казна затвор од 10 до 25 години. На судењето се покажало дека Тарнер го убила Томас откако престанал да и плаќа ќирија, иако претходно се обврзал на такво нешто.
Тужителите докажаа дека со помош на нејзиниот дечко, Џон Кенисон, го претепале со безбол палка, а тело го ставиле во багажник од неговиот автомобил „Мерцедес“.
Како што пренесува „Дејли Мејл“, 29 годишната Тарнер, која позирала за „Плејбој“ и Maximu, била во врска и со 71 годишниот Томас и дека плачела додека ѝ ја читале пресудата. Полицијата го нашла Томас во автомобил во март 2019 година.
За убиството бил уапсен и нејзиниот тогашен дечко Кенисон. Иако на почетокот не го признале делото, сепак се согласиле дека обвинителството поседува докази со кои ги убедиле судијата и поротата да ги обвинат. Овој правен маневар им овозможи да избегнат судење и истовремено да добијат поблага казна.
Исто така имаат и право на жалба. Кенсон сè до минатата тврдеше дека се невини. Тарнер на обвинителите им призна на крајот дека го претепал Бурчард со безбол палка и дека и помогнал на Тарнер да го сокријат телото во синиот „Мерцедес“.
Осуден е на затворска казна од 18 до 45 години. Обвинителите ја нарекоа нивната врска љубовен триаголник и на судот објасниле дека Тарнер и Бурчард биле во врска во периодот од мај до декември.
Бурчард бил познат како добар човек и дека пациентите во ординацијата често ги забавувал со маѓионичарски трикови, а дури и по пензионирањето продолжил да работи за да им ја даде неопходната нега. Неговата добрина, како што тврдат неговите адвокати, на крајот го довела до смрт.
Пред судот е кажано дека двајцата почнале да се забавуваат краток период пред неговата смрт и дека направиле договор со кој психијаторот ѝ ветил дека ќе ѝ ја плаќа ќиријата во период од една година.
Обвинителите навеле дека плејбој-манекенката создала вистинско мало богатство во износ од 300.000 долари и сето тоа на сметка на нејзиниот постар дечко.
Секој месец ѝ давал по 3200 долари за кирија, а таа со другиот дечко живеела во луксузен стан во Лас Вегас. Во ноември 2019 година исплатите престанале, а Бурчард заминал од Калифорнија во Вегас да ѝ каже дека повеќе нема да може да ѝ ги плаќа сметките.
Физички го нападнале додека возеле низ пустина во Невада. Тарнер и Кенсон со палка го претепале до смрт и го ставиле неговото тело во багажникот од неговиот луксузен автомобил.