Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во финалето на фјучерс турнирот во Талин, Естонија откако ја победи Зејнеп Сомнеж од Турција со 2:0 во сетови за еден час игра.
Ѓорческа двата сета ги доби со идентичен резултат, 6:3 во гемови.
Во финалето, што се игра утре, Лина ќе се натпреварува против Јанина Викмајер, која во минатото беше и меѓу првите 20 тенисерки на ВТА листата.