Американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер го посети Гостивар и додека шеташе низ градот влезе во слаткарница и нарача баклава.
„Секогаш е добра идеја да се проба баклава во Гостивар“, вели Анџела и ги пофали гостиварчани кои се познати по традиционалната баклава. За сликата да биде целисна таа пиеше и боза.
За потсетување, американската амбасадорка често патува низ Македонија и пробува од традиционалните домашни јадења. Неодамна беше во Свети Николе и им ја бендиса пастрмајлијата. Ги пофали па рече дека Штипјани сега имале голема конкуренција.