Близначките Франческа и Марија Рикарди од Италија, заедно прославија 100. роденден. Тие потекнуваа и живеат во малото градче Анзано ди Пуља во италијанската провинција Фоџа.
На Твитер се појави видео на кое сестрите близначки дуваат свеќи на торта на која е ставена свеќа со бројот 200, а нивните вкупно 200 години.
Франческа и Марија заедно имаат околу 50 внуци.
Тие велат дека тајната на нивната долговечност е меѓусебната љубов, почит и да живеат во хармонија со семејството.
„Сестра ми се омажи и роди пет деца. Секој ден станувала рано и одела да работи на нива и со животните, а по враќањето дома ги извршувала домашните работи и се грижела за децата. Јас, пак, никогаш не се омажив. Останав дома и научив да шијам“, изјавила Франческа и додала дека никогаш не ни замислувала дека ќе живее толку долго.
„Дар од Бога е што стигнавме до оваа возраст. Со животот што го имавме, никогаш не мислевме дека ќе достигнеме сто“, рече таа.
Долги години, сестрите живееле во различни куќи, но многу блиску. Тие живеат заедно во последните две години.
Франческа и Марија заедно имаат дури 50 внуци.
🎂 Turning 100 years old is already quite an achievement, but Italian twins Francesca and Maria Ricciardi went one step further, celebrating their ‘200th’ birthday pic.twitter.com/kGcng8RBPj
— Reuters (@Reuters) January 25, 2023