Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор преку Твитер објави дека го продава неговиот автомобил Рено 4 од 1991 година.
Тој на објавата наведе дека парите што ќе ги заработи од продажбата ќе ги донира за деца кои се борат против ракот.
Prodajam katro (Renault 4 GTL, l. 1991) kupnino pa bom podaril otrokom, ki se borijo z rakom.
Ostale informacije sledijo v naslednjih dneh. ♥️ pic.twitter.com/xA6X1ABZzz— Borut Pahor (@BorutPahor) January 29, 2023
Пахор најави дека повеќе детали ќе бидат соопштени во наредните денови, а сега сподели и видео од својот автомобил.
Пред неколку дена Пахор на Инстаграм се пофали дека неговиот Рено 4 и официјално станал олдтајмер.
„Процесот на сертификација воопшто не е толку едноставен, што е добро, олдтајмерите го заслужуваат тоа“, рече тој, откривајќи дека неговиот автомобил ги импресионирал вработените во МОТ.
View this post on Instagram