Руски „Форбс“ ја одбра македонската балерина Стефанија Гаштарска за идна ѕвезда во рускиот балет

 

Македонската балерина Стефанија Гаштарска (20), се најде на листата од руски „Форбс“ со осум балерини кои се сметаат за идните ѕвезди во Русија. Балетската колумнистка Ана Галајда одбрала осум имиња на млади талентирани уметници кои ќе бидат дел од иднината на рускиот балет.

Стефанија родена е во балетско семејство, а нејзиниот пат до главните улоги во еден од најдобрите руски театри „Бољшој“ бил стрмен, стои во описот за Стефанија во „Форбс“.

Македонската балерина сонувала за рускиот балет и сцената на рускиот театар.

„На 15-годишна возраст, таа одлучи да учествува на отворениот натпревар на руски балетски танчери „Арабеска“ во Перм. Таму го привлече вниманието. Една година студираше во Кореографското училиште во Перм, а потоа го помина натпреварот на Московската академија за кореографија. Дипломирањето го прекина со почетокот на пандемијата и самоизолацијата. Но, и покрај тоа, таа успеа да танцува на училишните концерти на сцената на театарот „Бољшој““, пишува колумнистката Галајда за руски „Форбс“.

Стефанија на 16 години настапи во „Бољшој“, играше во балетската претстава „Заспаната убавица“ како принцезата Аурора.

Македонската балерина за една сезона изиграла седум главни улоги во најголемите класични дела.

„Мекоста и деликаноста на нејзиниот танц точно го одразуваат нејзиниот кореографски стил“, стои во описот на „Форбс“.

Стефанија утре има премиера на балетот „Ромео и Јулија“, каде што ја игра главната женска улога.

 

Scroll to Top