Вук, синот на познатата пејачка Тијана Дапчевиќ, денеска наполни 14 години. Таа му честита роденден со неколку фотографии на Инстаграм.
„Син, среќен да ти е овој убав ден, да си жив и здрав и среќен. Те сакаат мама и тато до ќошот на универзумот“, напиша таа под објавата.
View this post on Instagram
Во една прилика пејачката изјави дека Вук е нејзина копија. Таа тогаш сподели фотографија на која направи споредба помеѓу себе и нејзиниот син. А двете фотографии се од времето кога и Вук и Тијана биле бебиња.