По Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, Даниело Божиновски и Виктор Начевски се втората судиска двојка од Македонија кои ќе можат да судат на Светски првенства во ракомет во сите категории.
Иако веќе имаа обезбедено IHF значка, потврдата стигна денес од Меѓународната ракометна федерација (IHF), која објави листа на сите судиски двојки кои можат да судат на Светско.
Божиновски и Начевски од сезонава ќе можат да конкурираат за натпреварите во сите конкуренции и категории, како и за сите други настани кои ги организира Светската ракометна федерација.