Холанѓанецот Френк Хугербетс кој го предвиде земјотресот во Турција, повторно предупреди за нови потреси во земјата. Френк на 3 февруари објави на „Твитер“ дека во Турција ќе се случи земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтер. Рече дека ќе го погоди јужно-централниот дел на Турција и делови од Сирија кај Либан и Јордан.
Пак се јави, овојпат ја „Фејсбук“ и напиша дека може да дојде до силни сеизмички активности во наредните неколку дена.
„Најверојатно околу 8 февруари, ќе удри силен земјотрес со магнитуда од 6. Постои мала можност за поголем сеизмолошки настан. Наредните потреси ќе продолжат во средниот дел на Турција. Земјата ќе биде погодена од земјотрес со јачина од 7,8 степени според скалата на Рихтер.
Објасни дека своите предвидувања ги прави врз основа на движењето на планетата. Според последните информации, во Турција загинаа повеќе од 5000 луѓе, а во Сирија повредени се повеќе од 20.000 луѓе. Во Турција се срушени повеќе од 6000 објекти. СЗО проценува дека околу 23 милиони луѓе во Турција и Сирија директно се загрозени поради земјотресот.
Во Турција е прогласена тримесечна вонредна состојба во 10 градови и региони, кои се погодени од земјотресот.