Дина Јашари, Јон Ајди и групата „Перија“ номинирани на „ХЕМИ Музички Награди“ – Центар на европската мрежа за размена на музички иновации. Од вкупно 280 европски изведувачи, од разновиден спектар на жанрови, кои одговорија на повикот за учество, меѓународно жири на професионалци од музичката индустрија ги избра 27-те изведувачи кои ќе се придружат на „ХЕМИсферата“.
Овие номинирани соло изведувачи и групи доаѓаат од 9 држави во централна и југоисточна Европа, Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Македонија, Полска, Романија, Србија, Словенија и ќе учестуваат во првата фаза на „ХЕМИ Музичките Награди“. Таа фаза вклучува воведни активности за номинираните, кои имаат за цел да помогнат изведувачите да го развијат својот капацитет за влез на нов пазар.
Учесниците ќе имаат пристап до онлајн состаноци и предавања за збогатување на нивното знаење за музичката индустрија, особено проблемите во секторот за настапи во живо. Тие дополнително ќе добијат акредитации за учество на водечките европски изложбени фестивали и конференции, проследени со интернационално покровение во медиуми.