Викторија Јаначковиќ стана мајка: Мојата ќерка никогаш нема да биде сама

Бившата манекенка Викторија Јаначковиќ стана мајка. Пред две недели се породи, а ќерката доби име Никита. За бременоста на Јаначковиќ не се знаеше многу во јавноста, ниту пак таа сподели со нејзините следбеници на социјалните мрежи.

“Пресреќна сум. Се навикнивам на мојата ќерка и навистина добро се снаоѓам. Сега веќе се се врти околу бебето, станувам ноќе, менувам пелени, малку сум ненаспана, но сето ова за мене е најголемата радост”, открива Вики за Репортер.

На својот роденден кој беше вчера објави фотографија на Инстаграм од ќерка си ѝ напиша: „Кој нема ќерка никогаш нема да ја бакне најубавата девојка на светот. Љубов си ти, никогаш нема да бидеш сама, Никита“.

Никита е родена на 26 -ти јануари, со тежина од 3.650 грама и со должина од 49 сантиметри.

Јаначковиќ пред извесно време беше дел од фотосесијата на Елена Лука и уште работи како манекенка.

Некогашната придружничка на Мис Македонија и стомакжтолог, беше шефца на кабинетот на тогашниот заменик министер за култура Драган Недељковиќ, во владата на Никола Груевски.  Во август во  2016 година таа се омажи со Никола Тасески, па замина да живее во Англија . Но по речиси две години брак, двојата се раздели, па Викторија се врати во Македонија.

Г.Додевска

 

 

Scroll to Top