Девет земји за кои научниците мислат дека во наредните 20 години ќе исчезнат

Низ историјата паѓале многубројни царства и држави, нации или исчезнувале или се трансформирале, а тој процес сè уште не е готов. Политичките аналитичари објаснуваат дека поимот нации, односно држави, не е траен, а секако ни вечен.

Иако државите најчесто исчезнувале така што биле освојувани и поделувани меѓу нивните непријатели, се чини дека земјите во иднина ќе имаат други проблеми што ќе ги разединат, односно уништат.

Од заканите, како што е подигањето на нивото на морињата, па до културните и етничките поделби внатре во самото општество, прашање е само на време дали овие девет држави ќе преживеат во сегашното издание во наредните 20 години.

Северна Кореја е една од земјите која е отсечена од остатокот на светот и која има недостиг на ресурси. Индустријата и е исцрпена, а воените трошоци си го земаат данокот. 25% од населението, меѓу кои и 1 милион деца се соочуваат со глад, а растот на БДП-то по глава на жител е под 1%.

Втора земја која исто така би можела да ја снема во наредните 20 години е Белгија. Земјата е поделена на два дела Валонија и Фландрија и веќе е подолго време на раб на колапс.

Поделбата е и на полето на културата и јазичните врски. Валонија е на југ и таму се зборува француски, а Фландрија на север и тука луѓето главно зборуваат холандски.

Валонија бара независност и обединување со Франција, а Фландрија сакаат да создадат независна држава.

Кина е третата земја која ризикува да биде уништена. Земјата не може да си ги реши проблемите со животната средина и загадувањето. Кина може ја има една од најмоќните војски во светот, но светските аналитичари и експерти тврдат дека до 2030 година, ќе се соочи со недостиг на вода за пиење.

Половина од водата во метрополите е загадена и не е за пиење и покрај напорите на властите да ја прочистат. Загадениот воздух исто така предизвикува проблеми. Кина инвестираше 112 милијарди долари во модернизирање на водоводната мрежа, но експертите велат дека ова не е доволно.

Ирак е исто така една од земјите која се соочува со распаѓање. Во моментов Курдите доминираат на северот, сунитите на западот, а шиитите на југот. Само Куридистан е независна држава која има своја влада и која тргува со странски партнери.

Либија е петтата земја која ризикува да исчезне во следниоте две децении. Откако доби незвисност од Италија во 1951 година, остана независна во периодот на владеење на Гадафи. По граѓанската војна во 2011 година, дојде до распаѓање на земјата на повеќе помали групи.

За многумина ова беше и официјално распаѓање на земјата. Претходно земјата беше поделена на три независни региони, Триполитанија, Фетзан и Киренаика, кои Гадафи ги држеше под контрола.

Исламската држава е со голем број непријатели ширум светот и многумина сакаат да ја дестабилизираат. Во 2014 година, нејзината моќ рапидно растеше во Ирак и Сирија, но експертите велат дека никој не ги сака оние кои брзо доаѓаат на власт. Ако преживее ќе мора да склучи мир со Куристан и Ирак.

Велика Британија исто е земјата која ризикува да се распадне, особено по одржаниот референдум во 2014 година кога Шкотите побараа да се одделат. Разликата меѓу оние кои го поддржаа и отфрлија е минимална. Тоа само покажува дека независноста за Шкотска и понатаму трае, велат експертите.

„Потрагата по независност добива на интезитет во Велс, што не е добра вест за Британија“, велат тие.

САД исто така е земја за која некои веруваат дека е исправена пред голем предизвик. Граѓанската војна која доведе до обединување на северот и југот, во моментов работи на исправање на нерамнотежата што постои денес во земјата. Во спротивно повеќе од 50 држави ќе сакаат да станат независни.

Малдиви е исто така една од земјите за кои се верува дека ќе ја снема во наредните дваесет години. Но, не од економски или политички причини, туку едноставно ќе биде збришана од океанот. Во 2008 година претседателот размислуваше да купи земјиште и да го пресели населението на безбедно место.

Во моментов во земјата живеат околу 300.000 жители и сите инвестираат во купување домови на друго место. За потсетување, нивото на океанот се очекува до 2100 година да се зголеми за 59 сантиметри, а до тогаш Малдивите ќе бидат на само 1,5 метри надморска височина.

 

 

 

 

Scroll to Top