(Видео) Таско чека син: Возбуден сум, едвај чекам да се роди бебето

Македонскиот рапер Христијан Тасковски – Таско и неговата сопруга наскоро ќе станат родители. Со неколку најблиски пријатели тие направија забава за откривање на полот на бебето и дознаа дека ќе имаат син. Двајцата се израдуваа што бебето е машко, а за „Репортер“ Таско вели дека е возбуден и едвај чека да се роди бебето.

„Долго време пробав да ја скријам оваа информација, исто како венчавката, бидејќи сепак сметам дека е дел од мојот приватен живот, кој сакам да остане приватен. Но работејќи јавна работа, тоа е малку потешко. Им благодарам на сите за убавите честитки, и дај боже сите да си дочекате вакви прекрасни моменти со вашите семејства. Останува на времето да видиме како ќе се одвиваат работите. Сега за сега не би да откривам многу, освен ете дека полот е машки. Многу сум возбуден поради целата ситуација“, вели раперот.

Тој неодамна во интервју за „Репортер“ првпат прозборе за венчавката и откри дека се оженил на крајот на летото.

„Се оженив пред четири месеци. Знаеш, како растеш и созреваш, природно доаѓа и тоа да сакаш да се ожениш. Се венчавме во матично и сè уште сме на два ума дали да правиме свадба, ама мислам дека ќе направиме за да ги испочитуваме постарите генерации околу нас“, ни кажа тогаш Таско.

(А.Ј)

Таско: Се оженив пред четири месеци

 

Scroll to Top