Манекенката и пејачка Кристина Димитри се сликаше скоро гола на снег. Во секси долна облека и високи црвени чизми, таа со фотките го честиташе Валентајн на своите следбеници, но и на самата себе. Наместо љубовна порака, напиша стих од најновата песна на Мајли Сајрус „Можам да се сакам самата подобро отколку што ќе ме сакаш ти“. Кристина и овој пат привлече внимание со секси сликите, па освен што доби пофалби за изгледот, имаше и такви што ѝ напишаа дека е храброст што се соблекла гола на снегот.