Водителката на „Утринска на Телма“, Цеце Тодосовска е бремена. Таа го очекува своето второ дете, а веста ја сподели на социјалните мрежи. Цеце веќе го има синот Бодан кој пак вчера наполни две години. Водителката е во осмиот месец од бременоста и брои ситно до породувањето.
„Време е за бебе број 2. 30 недели бремена“, вели таа. Не е тајна дека Цеце и нејзиниот сопруг Стојан се љубители на природата па не ретко објавуваат фотографии од нивните прошетки, пешачења или обиколки со велосипед. Цеце долги години е дел од тимот на „Утринската на Телма“
View this post on Instagram