Полиција го најде бебето на богатата Англичанка која исчезна со сексуален претстапник

Британската полиција го најде бебето на исчезнатата Англичанка Констанс Мартен и нејзиниот љубовник Марк Гордон. Остатоците од новороденчето се најдени во шума кај Брајтон во близина на местото каде двајцата биле уапсени во понеделникот вечерта, пренесе „Дејли Мејл“.

„Со жалење можам да ве известам дека денес попладне полицијата пребарувајќи го подрачјето во близина на местото каде Констанс и Марк Гордон се уапсени, се најдени остатоците од нивното бебе. Обдукцијата ќе биде објавено наскоро. Во моментов се врши увид на местото на настанот и ќе потрае некое време“ рече надѕорникот Луис Басфорд на конференција за новинари.

Констанс Мартен и Марк Гордон се уапсени во Брајтон во понеделникот по дводвневна потрага поради сомнение дека го занемарувале детето, а потоа се осомничија за убиство од небрежност. Бебето не било со нив кога се уапсени. Мартен која потекнува од богато семејство, живеела со Гордон.

Се запознале во 2016 година. Отец Констанс, кој бил слуга на кралицата Елизабета, претходно упати апел да се разделат и да отиде на безбедно.

„Загрижени сме за твоето и здравјето на бебето, треба да знаеш дека си многу сакана“, рече Констанс претходно за „Индепендент“.

Апелот го дал кога открил дека Гордон е сексуален претстапник, кој служел 20 годишна робија во затвор за силување и други кривични дела. Осуден е за напад на жена на Флорида кога имал 14 години. Отецот додал дека семејството било свесно за неговото минато и дека живееле во страв.

 

Scroll to Top