Охриѓанката Мартина Блажеска ќе настапи како предгрупа на „Мартин Милер Сешн Бенд“, на турнеја во Германија и Холандија како соло изведувач, вокал и гитара.
Мартина е гитаристка која своето знаење го стекна на престижниот музичкиот колеџ Беркли во Бостон, каде студираше гитарска изведба.
Инаку „Мартин Милер Сешн Бенд“ се навистина популарни на Јутјуб со обработки на најслушани песни од 70-тите, 80-тите и 90-тите години.
Мартина имаше соработка и со македонскиот музичар Дуке Бојаџиев со кој снимија песна и направија спот снимен во Охрид. Таа сега работи на подготовка на нов албум кој треба да излезе идната година, а новиот сингл се очекува да излезе за неколку месеци.