Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски освои бронзен медал на Меѓународниот таеквондо турнир „Бугарија опен“ од светскаката серија Г2.
„Бронза и нови поени за олимписка норма со две доминантни победи над Михопулос Сотирос од Грција и Харбар Андреј од Украина. Дејан за жал не може да се бори во полуфинале поради незгодна повреда на десната шака, се надеваме дека не станува збор за скршеница. Теквондо е фулконтактен боречки спорт во кој многу често се минува низ пеколни повреди, Дејан поминал премногу, и тоа го прави вистински шампион. Искрено се надеваме дека овој пат се ќе мине полесно“, информираа од Македонската таеквондо федерација.
Следниот предизвик Георгиевски го очекува за две недели во Белгија.