Раде Врчаковски Врчак објави фотографии како позира селфи во Маврово.
Раперот на една од фотографиите е насмеам за што користел филтер за бели заби, а на другата позира со напрчени усни, како што тоа го прават старлетите за селфи фотка.
Едната фотографија има над 400 лајкови, додека другата над 100.
„Опрај се те молам“, „Не те препознав“ се дел од коментарите.
Врчак пред два месеци објави нова песна која трае два часа и спот за што неговите фанови го критикуваа, а твитерџии со доза на иронија и потсмев пишуваа за новата песна, но и се прашуваа дали здравствената состојба на Врчак е добра.