Џибони ќе пее на евтина тарифа: вечер е Златна бубамара на популарноста

Вчерва на Златна бумабара на популарноста ќе настапи хрватскиот пејач Џибони. Ранко Петровиќ објави фотографија од генералната проба на Бубамара.

 

Вечерва во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одржи најпопуларната манифестација на домашната сцена – Златната бубамара на популарноста 2023.

Во духот на штедењето како главна одлика на изминатата година, овогодишното мото на Златната бубамара е „Да ги наполниме батериите на евтина струја“ , а штедливоста и енергетската ефикасност на свој, сатиричен и хумористичен, начин ги обликуваа скечовите и содржините на овогодишниот спектакл.

Енергетски ефикасниот штаб кој ја подготвува манифестацијата, како и секогаш, ги чува содржините во врвна тајност, но ги најавува најголемите естрадни и спортски ѕвезди – од домашната и регионалната сцена.

 

Scroll to Top