Затвореникот од Бразил Клаувино да Силва, ќе остане запаметен по неговиот луд план за бегство. Медиумите во Бразил пренесоа дека настанот се случил во 2019 година. Силва се обидел да побегне од затворот маскиран во неговата ќерка тинејџерка.
Полицајците кои го разоткриле и му ја симнале маската, видетото го објавија на Тик ток и тоа за кратко време стана хит. Тие велат дека не можеле да го препознаат и дека не го издала ниту лошо изработената и неубедлива маска од латекс, ниту лошата перика, туку нервозата.
Планот му бил кога ќерка му ќе дојде да го посети во затвор, тој да излезе маскиран како неа. Да Силва бил член на една од најопасните нарко банди во Бразил, а недолго по обидот за бегство бил пронајден обесен во ќелијата.
@vorki_2 #foryoupage #foryou #fyp #viral #balkan ♬ Gangsta’s Paradise (feat. L.V.) – Coolio