Поп-дивата Калиопи по три години повторно е со нејзиниот поранешен сопруг, Ромео Грил. Таа објави видео како го пречекува на Скопскиот аеродром, каде Ромео пристигна од Швајцарија. Потоа тие заедно во автомобил заминаа накај Скопје. Расположени и со насмевки поранешните сопружници не ја криеја радоста за повторната средба по три години.
[/video]„По три години повторно обединување! Добредојде Ромео. Повторно донесе две скапоцени песни. Ајде да работиме“, вели Калиопи.
Со ова таа најави дека наскоро на публиката ќе и се претстави со две нови песни зад кој стои Ромео.
Не е тајна дека таа и Ромео, со години музички соработуваат. Се шпекулираше и дека едно време беа повторно во љубов, но двојката никогаш не ја потврди веста. Таа и Ромео, се заедно од 80-тите, беа во брак, па се разделија. Ромео отиде во Швајцарија заедно со нивниот син Пако, тема за која пејачката речиси никогаш не сака да зборува. Калиопи беше во брак и со актерот Васил Зафирчев, за кого по разводот кажа дека се во одлични односи.