Гоце Седлоски доби отказ

Гоце Седлоски повеќе не е тренер на Шкупи. Клубот реши да се раздели со тренерот по нерешениот резултат во саботата (1:1), против Академија Пандев во Струмица.

Седлоски речиси две сезони го предводеше клубот од Чаир. Во еден дел од сезоната си поднесе оставка но набргу се врати на функцијата.

Клубот се раздели со тренерот поради лошите резултати во вториот дел од сезоната. На шест натпревари Шкупи има само две победи. На табелата се наоѓа четири чекори зад лидерот Струга.

Scroll to Top