(Видео) Фолксваген го претстави својот најкул Голф на сите времиња

Во 2014 година Volkswagen го донесе GTI Roadster Vision Gran Turismo на традиционалниот собир на љубителите на GTI. Повеќето ќе се согласат, ако некој голф е „кул“, тогаш дефинитивно е овој.

Благодарение на каналот Autogefuhl на YouTube, сега можеме повторно да го видиме тој автомобил и подобро да го запознаеме. Футуристичкиот Golf е висок само еден метар, а е поставен на тркала од 20 инчи. Огнената црвена боја придонесува за атрактивниот дизајн, но и детали како минимизирани LED светла, централен издув и огромно задно крило.


Автомобилот е интересен и одвнатре, на кој доминира волан позајмен од Формула 1. Неговиот исклучително чист изглед јасно покажува дека е создаден за возење. И тука му помага 3.0 V6 мотор со над 500 КС. Овој концепт наводно достигнува стотка за 3,6 секунди и забрзува над 300 km/h.

Scroll to Top