Димитар Атанасовски: Нека стои сликава за да се потсетам секогаш кога ќе сакам да изедам пола маса

Водителот Димитар Атанасовски кој веќе се жалеше дека има проблем со килограмите, се соблече за да покаже колку ослабел. Рече дека за една година успеал да стигне до посакуваната форма.

„Нека стои ова овде. Само за да се потсетам секогаш кога нема да ми се станува за на тренинг и кога ќе сакам да ја изедам пола маса“, рече Димитар кој објави фотографија и каков бил пред една година.

„Процесот е долг и е секогаш потешкиот пат, ама споро, полека, си ги покажува ефектите. И нормално, мора да веруваш во него, што би рекле“, додаде тој и објасни дека уште е далеку од менталната фотма и нивото на спремност.

За потсетување, Димитар тренира кросфит, а сподели и неколку фотографии од тренингот. Во брак е со познатата пејачка и хафистка Сара Мејс, со која во јули минатата година го добија синот Кирил, а ја имаат и ќерката Илина.

 

Scroll to Top