Mакедонскиот скијач, Виктор Петков освои второ место во дисциплината велеслалом и четврто и петто место во двете слалом трки на Државното првенство на Србија.
23 годишниот Петков е член на ски клубот „Сноу спорт“ од Гостивар, а на натпреварот учествуваше со уште скијачи од седум држави.
За потсетувње, на 20 и 21 март на Копаоник, се одржа Државното првенство на Србија во скијање, во дисциплините слалом и велеслалом каде учествуваа 57 натпреварувачи.
До крајот на сезоната има уште неколку трки, на кои Виктор се надева на добри резултати и продолжување на добрата форма.