Едно време најбогатиот чоек во Кина, Џек Ма (58) милијардерот и основач на „Алибаба“, се повлече од јавниот живот и мистериозно исчезна на одреден период. Последен пат е виден во школо во Хангџоу.
Тоа беше едно од неговите ретки појавување во последните три години. Бизнисменот се повлече од јавноста откако во 2020 година го критикуваше државното регулирање на технолошките фирми. Но, тој не е единствениот кој исчезна на одреден период.
„Саут Чајна морнинг пост“, пренесе дека повеќе од година дена Ма го минал во странство, но неодамна се вратил во Кина, каде кратко престојувал во Хонгконг да се види со пријателите. Наводно посетил повеќе земји за да учи за земјоделската технологија. Но, не се знае зашто исчезна од јавниот живот.
Аналитичарите објаснуваат дека паднал во немилост на тамошната Комунистичка партија, затоа што бил премногу зборлест и моќен. Ма во октомври 2020 година, на една конференција рече дека традиционалните банки имаат менталитет на заложништво.
Наредниот месец кинеските власти го стопираа излегувањето на неговите компании на глобалниот финансиски пазар. Овој потег беше прв во низата на подоцнежни повлекувања од берзата на кинеските технолошки компании, а „Ант“, стана првата жртва на новата стратегија во борбата на Пекинг да обезбеди моќ и да остане во рацете на државата, а не пребогата фирма.
Од тогаш Ма речиси целосно исчезна од јавноста, а се појавија извештаи дека престојувал во разни земји како Шпанија, Холандија, Тајланд и Австралија. „Фајненшл Тајмс“, минатиот ноември наведе дека живее во Токио веќе шест месеци.
Во првиот бран се тврдеше дека можеби е во домашен притвор.
Минатиот месец исчезна и милијардерот Бао Фан, уште едно големо име во кинеската технолошка индустрија. Основач е на компанијата China Renaissance Holdings, која за клиенти има голем број интернет гиганти, како „Тенцента“, „Алибаба“ и „Баиду“.
Сите го гледаат како еден од титаните во технолошките сектори.
И тој како и Ма, исчезна на неколку дена, а потоа беше објавено дека неговата компанија соработува во истрага што ја спроведуваат кинеските власти.
China Renaissance од тогаш го намалува бројот на работници. Додуша, и порано имало отпуштања поради намалениот профит, но последниот круг отпуштања би можел да биде најголем досега. Биле отуштени дури 10 отсто од работната сила.
Што се однесува до Бао Фан и понатаму не е познато каде се наоѓа.
Тоа што е познато е дека Кина се пресметува со технолошката индустрија, а новото регулаторно тело во иднина би требало да го надгледува најголемиот дел од финансискиот сектор.
Властите навеле дека тоа ќе ги закрпи дупките кои предизвикани од голем број служби кои ги надгледуваат различните аспекти од кинеската индустрија во делот со финанските услуги, вредни билиони долари.
Кина стана втората најголема светска економија, а тоа доведе до создавање на одреден број мултимилијардери, кои со огромните апри можат во своите раце да соберат огромна количина и моќ.
Само 2015 година најмалку пет извршни директори станале недостапни, меѓу кои и Гуо Гуангчанг, поретседателот на конголмератот Fosun International, кој го поседувал британскиот фудбалски клуб Вулверхемптон.
Гуо исчезна во декември истата година, а откако повторно се појави, неговата компанија соопшти дека соработувал во една истрага.
Две години подоцна, кинеско-канадскиот бизнисмен, Сијао Џијанху, бил однесен од луксузен хотел во Хонгконг. Важел за еден од најбогатите Кинези, а минатата година заврши во затвор заради корупција.
Сепак најследен беше случајот со сопственикот на „Алибаба“, кој во меѓувреме донираше речиси 10 милиајрди долари, но се чини дека нема во скоро време да ја врати старата слава.
Кинеската влада соопшти дека ќе ги превземе сите акции од некои од најбогатите луѓе во земјата и дека тоа ќе го направи во согласност со законот и во рамки на борбата против корупција.
Аналитичарите сметаат дека Пекинг е фокусиран на тоа големите технолошки играчи и нивните платформи да не развиваат свои брендови и влијание, затоа што ќе им биде тешко да владеат, пренесе „Би-би-си“.
Освен тоа, според правилата на Комунистичката партија, законот би требало еднакво да ги третира и сиромашните и богатите, па задачата на Пекинг е да го намали јазот меѓу тие слоеви на општеството.
Сепак, во еден говор пред пратениците, кинескиот претседател Си Џинпинг рече дека значењето на приватниот сектор во Кина е многу важен, но дека приватниоте компании мораат да бидат и одговорни и праведни.