Дизајнерката Ива Спасовска приреди светско модно шоу, а 600 гости на ревијата донираа за најранливите категории

Модната дизајнерка Ива Спасовска ја претстави новата колекција на фустани инспирирани од женствената енергија на дамите. Модната ревија под темата“Angel” беше во  “Luxury Hotel Limak Skopje” . Над 600 гости беа да ја видат ревијата на Ива. Настанот беше од хуманитарен карактер и со поддршка од здружението „Ацт Македонија“ каде пристутните охрабрени со пораката “Биди и ти нечиј ангел” донираа за најранливите категори.

 

На модниот настан “Angel” официјално се лансираше парфемот “Angel by Iva Spasovska” кој беше ексклузивно претставен во пердувесто издание. Публиката  воодушевена и воедно инспирирана од визијата на Ива, по што таа доби громогласен аплауз.

„Пресреќна сум што успеав да го разбудам ангелот во сите гости заедно со помош на мојот голем тим. Сите што дојдоа им благодарам од срце што ја наполнија огромната сала со љубов и внимание, почит и хуманост, ме почестија сите до еден со нивниот стајлинг кој беше на високо ниво. Исто така лансирањето на парфемот “Angel” и другите три со мојот потпис ги воодушеви сите. Има уште многу што да се каже на темава “Angel”, вели дизајнерката Ива Спасовска.

Модното случување почна со изведбата на виолинистката Сања Здјелар, а по неа свој настап имаа неколку македонски пејачи како Огнен Здравковски, Елена Петреска, Александар Тарабунов, Лара Иванова и Антониа Гиговска. На сцената настапи групата “Hidden Jams” каде низ микс популарни песни . На модната реија  продефилираа манекенки како и неколку познати имиња, раперката Луна, Моника Црнокрак, пејачката Барбара Ракичевиќ и фитнес тренерот Кристина Неделковска.

„И благодарам на Ива! Задоволство ми беше што учествував и бев дел од прекрасниот настан кој од самиот почеток знаев дека ќе биде прекрасен. Почувствував одлична енергија и бев воодушевена од сите нови креации кои беа презентирани. И посакувам уште многу вакви успешни настани“, вели Лара Иванова за ревијата на Ива. Меѓу познатите беа водителката Ирена Спировска, дизајнерот Адреј Папаз, фотографот Стефан Соколовски, инфлуенсерка Александра Шијакоска, Мелита Ракичевиќ, тв лицата Марко Марк, Ведрана, Татјана Пуленџонска, Милена, шминкерот Даниел Николовски и уште многу други познати доктори, писатели, пејачи, новинари.

А.Георгиев

 

 

Scroll to Top