Лила и Ана: сестри по дијагноза и фризура, две жени борци против ракот

Водителката Лила Филиповска вчера во хотелот „Александар Палас“ на панел-дискусија ја раскажа својата приказна за борбата со ракот на дојка. Друштво и правеше српската хуманитарка и инфлуенсерка Ана Дорник, исто така жена која се борела со ракот на дојката и која ја промовира нејзината нова автобиографска книга „Ти си таа“.

По завршувањето на дискусијата Лила објави неколку нивни заеднички фотографии.

„Понекогаш ќе паднам. Тоа е животот. Станувам и уште посилно се залетувам. Тоа е карактер. Мојата сестра по дијагноза и фризура Ана Дорник ја напиша книга „Ти си таа“ и треба да ја има секој кој на кој било начин има некаква врска со ракот на дојка. Инспирира и помага. Благодарам на поканата и можноста да ја споделам својата приказна. И да не заборавите ние сме доказ дека … ракот не е непобедлив“, вели Лила Филиповска.

Ана е жена која со својата работа има помага на многу жени да се справат о борбата со ракот. Гостите имаа можност да проследат дел од нејзините мотивациски говори, како и одблиску да ја запознаат и да поразговараат со неа.

„Искрено се радувам и со нетрпение ја очекувам средбата со македонската публика. Веќе имам многу следбеници од Македонија, кои постојано ми пишуваат и ме канат да дојдам кај вас. Затоа, со помошна моите пријатели од Езра, одлучивме да ја направиме оваа промоција и да се запознаеме и во живо. Нашата борба е универзална, не познава граници или јазични бариери, сите сме ние исто во нашата истрајност да го победиме ракот. Затоа е важно да зборуваме отворени и да се поддржуваме“, рече Ана Дорник пред панел дискусијата.

Автобиографската книга на Ана, „Ти си таа“ е создадена со цел да се стекне поголема свесност за раната превенција, едукација и поддршка во лекувањето како и за секојдневните предизвици со кои се соочуваат жените, кои се борат со оваа болест. Лична приказна, која служи како пример и поттик за општествена промена. За својата хуманитарна работа Ана Дорник ја добила наградата за животно дело на министерството за здравство на Србија, како и други награди кои се признание за нејзините заложби за општествена промена.

 

Scroll to Top