Пејачката Сара Мејс се пофали дека ослабела 10 килограми по раѓањето на нејзиниот син, Кирил. Во зелена долна облека на македонски бренд Сара објави фотографија на Инстаграм.
Таа рече рече дека за првата фотосесија која ја сликаше со нејзиното семејство за истиот бренд не и било сеедно да се соблече во долна облека бидејќи била оптеретена со мислите дека треба да го вовлече стомакот.
Па кога првата фотосесија се покажала како успешна, таа добила понуда да снима и за новата пролетна колекција. Тогаш пејачката си поставила предизвик нејзиното тело да го оформи како што таа смета дека треба да изгледа.
„Со колку кила мислам дека можам да се носам без притоа да ме пуштаат кукови и да ме боли кичма?
Колку кила минус за лабаво трчкање низ дома со дете во рака, трчкање низ животов со количка во друга рака и сл? -И колку кила за да си се свиѓам јас на себе во сите изданија? -Колку за прогрес? -Пролетнава сесија ја уживав комплетно. Со -10 килограми. И знаете што? -Скрос е друго кога си внесена во уживање. Промена за себе“, рече Сара.
View this post on Instagram
Пејачката со водителот Димитар Атанасовски ја има ќерката Илина и синот Кирил кој го добија во јули минатата година.