Интернационалната судијка на ФИФА, Ива Пројковска вчера испиша историја во македонскиот фудбал. Првпат на еден натпревар од Првата лига судеше дама.
Натпреварот од 25-то коло во Тетово меѓу Шкендија и Победа, го судеше најдобрата македонска судијка Ива Пројковска. Таа ја делеше правдата на мечот од 25. коло во Тетово меѓу Шкендија и прилепска Победа кој заврши со триумф на Шкендија од 2-0.
„Сонот не станува реалност преку магија, потребна е пот, решителност и труд. Прва жена судија во топ македонската машка дивизија.ФК Шкендија vs ФК Победа 02.04.2023“, напиша Ива.