Забава во парк со другарите и торта со ликот на Стенли Ипкис од „Маска“- синот на Борко Ристевски славеше роденден

Синот на македонскиот ракометар Борко Ристовски прослави 5.  роденден. Роденденската забава за Душан, била во парк, а тортата инспирација од филмот „Маска“. Со ликот на Стенли Ипкис, банкарски службеник чија маска му дава моќ.

На забавата присустувале другарите на Душан и супер херојот Супермен.

Нина, сопругата на Борко на Инстаграм сподели неколку фотографии од роденденот, но и семејни слики со ќерката Анастасија.

„Денес е мој најголем празник. Мојата љубов полни 5 години. Те обожавам сонце мое, ти благодарам за секој миг“, напиша Нина.

 

 

Scroll to Top