Луѓето ќе бидат бесмртни до 2030 година, тврди српски научник

Поранешниот инженер на „Гугл“, Реј Курцвел, кој се прослави со прецизното предвидување на иднината, тврди дека до 2030 година ќе станеме бесмртни, а експертот за нанотехнологија, проф. Д-р Ѓуро Коруга за телевизија Прва открива дали овие тврдења ќе се остварат.

Според инженерите, нанороботите ќе бидат вметнати во нашето тело и ќе ги санираат сите штети предизвикани на клетките од возраста и болестите, меѓутоа, проф. Д-р Коруга вели дека седум-осум години се краток период за да се реализира оваа идеја.

„Наноботите ќе можат да поправат дел од штетите и нарушувањата. Ова е можно од технолошка гледна точка“, вели проф. д-р Коруга за телевизија Прва и додава дека е неопходна токму таа симбиоза на техниката и медицината, кога станува збор за нанотехнологијата.

„Ние во суштина сме нанотехнолошки суштества, биолошки, се разбира. Со доаѓањето на нанотехнологијата, покрај масата и енергијата, влегуваат  и информациите, даваме нови можности за подобрување на здравствената состојба, за продолжување на животот, но, за жал, отвораат и можни злоупотреби“, тврди српскиот професор.

Српски експерт за нанотехнологија открива за кој временски период можеме да очекуваме да се остварат предвидувањата на Курцвел.

„Тоа ќе се случи порано или подоцна. Технолошкиот развој укажува на забрзување, а дали тоа ќе биде 50 или 60 години, никој не може со сигурност да ви каже. Развојот на технологијата се одвива според таканаречениот Муров закон, а токму инженерот на Гугл предвиде дека е заснован на овој закон“, објаснува Д-р Коруга.

 

Scroll to Top