Мила Рељиќ освои злато на меѓународен турнир по таеквондо

Мила Рељиќ освои златен медал на меѓународниот турнир G1 Open по таеквондо кој се одржа во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Во категоријата до 62 килограми Рељиќ ги победи Тамара Сево од Србија со 2-1 во рунди, Зое Гуели од Унгарија со 2-0 во рунди и Надја Савковиќ од Србија со 2-1 во рунди.

Со златниот медал Мила освои нови десет поени на светската и олимписката ранг листа за Летните Олимписки Игри во Париз во 2024. Следни големи натпревари се Светското првенство во мај во Азербејџан и Европските Олимписки игри во јуни во Полска.

За потсетување македонскиот вицеолимписки шампион Дејан Георгиевски освои сребрен медал. Во финалето во својата категорија беше поразен од турскиот репрезентативец Берат Демирдоглу.

Scroll to Top