Рецепт за кременадли во маринада

Состојки:
6 свински кременадли, 1/2 дл соја сос, 1/2 дл сок од домати, 2 дл пиво по избор, 2 лажици сенф, 1 лажица мед, 3 чешниња мелени лук, 1/2 лажичка морска сол, пиперка, 3 лажици маслиново масло.

Подготовка:

Направете маринада од соја сос, сок од домати, пиво, сенф, мед, издробен лук, сол, бибер и масло. Крменадлите оставете го во маринадата еден до два часа, ако имате време и подолго. Месото се пече во рерна загреана на 200 степени околу еден час.

Послужете ги креманадлите со печени компири и салата по ваш избор.

Scroll to Top