Македонскиот најдобар автомобилист Игор Иџе Стефановски освои прво место во Франција на Европскиот шампионат на ридски патеки.
„Голема победа на голем празник! Само еден може да биде број 1“, напиша Иџе на Фејсбук.
Иџе го освои првото место на првата трка, но заврши како трет во конкуренцијата во генералниот пласман.
На оваа трка која традиционално е првата во Европскиот шампионат беа пријавени 190 натпреварувачи, Стефановски беше единствениот натпреварувач од Македонија.