Вештачката интелегенција може да го уништи човештвото, вели Илон Маск

Илон Маск го предупреди светот дека вештачката интелегенција може да ја уништи цивилизацијата, ако не биде регулирана. Маск е главна тема на светските медиуми веќе со денови.

Сопственикот на „Спејс Икс“ и „Тесла“ предупредувањето го даде откако го најави лансирањето на најмоќната ракета на светот во вселената за една американска телевизија. Интервјуто ќе биде емитувано во два дела. Во првиот дел зборува за опасностите од вештачката интелегенција.

Тој е еден од оние кои јавно побара да се запре со развојот на AI технологијата, на шест месеци, додека човештвото не биде сигурно дека умее одговорно и исправно да управува со оваа алатка.

„Вештачката интелегенција може да биде доведена до уништување на цивилизацијата. Поопасна е да речеме од лошо дизајниран авион или автомобил или лошо одржување. Има потенцијал, кој многумина го сметаат за мал, но не тривијален, да ја уништи цивилизацијата“, рече Маск.

„Ја поддржувам владата во напорите да ја регулира AI, иако сум свесен дека не е забавно да биде регулирана. Но, ако продолжиме да ја развиваме вештачката интелегенција, може ќе биде предоцна за да воведеме регулатива. Регулаторните агенции мораат да почнат од групата која во освнова сака да дознае повеќе за вештачката интелегенција. Потоа се бара мислење од индустријата, а потоа се предлагаат правилата“, рече Маск на денот кога требаше да биде лансирана ракетата „Старшип“.

Интересно е тоа што Маск е меѓу најгласните заговорници да се откажеме од развојот на Вештачката интелегенција, додека истовреме во повеќе од своите компании се работи на усовршување на токму ваквата технологија. Веќе со години Маск предупредува од опасноста на вештачката интелегенција.

Но, во исто време е вклучен во брз развој на технологија низ инвестиции во своите компании. Тесла прилично се ослонува на вештачката интелегенција, па дури и прославува нејзина годишнина таканаречен AI ден. Маск беше еден од основачите на компанијата OpenAI која ја направи ChatGPT.

Но, ја напушти компанијата и неодамна изјави дека нејзината еволуција не е онака како што ја замислувал.

„Вложив многу труд во развој на OPENAI компанија за да биде контратежа на „Гугл“, но самиот го тргнав погледот од топката. Сега сакам да направам ривал за Вештачка интелегенција која ја прават „Микрософт“ и „Гугл“. Ќе почнеме нешто што сега го нарекувам TrurhGPT, вештачка интелегенција која максимално ја бара вистината и се грижи да го разбере универзумот. Се надевам дека ќе донесе повеќе добро отколку лошо“, рече Маск.

На „Твитер“, каде тој е сопственик, наскоро би можелео да се очекува вештачката интелегенција ги детектира и обрне внимание на манипулациите со јавното мислење кое се пишува на оваа платформа.

 

Scroll to Top